Ла Лига

Куман тргна со победа, Меси постигна гол но шоуто го украде тинејџерот Ансу Фати (ВИДЕО)

Барселона со 4-0 славеше над Виљареал во првиот официјален натпревар на Роналд Куман, Лео Меси погоди од белата точка но шоуто го украде младиот Ансу Фати со два погодока.

Ерата на Роналд Куман започна со убедлива победа од 4-0 над Виљареал. Сите сакаа да видат како ќе изгледа Барса но и Лео Меси по барањето на Аргентинецот да си замине од Камп Ноу.

Напаѓачот 17. Сезона по ред постигна гол во Ла Лига откако погоди од белата точка, но шоуто го украде тинејџерот Ансу Фати.

17 годишното момче за четири минути два пати се запиша во листата на стрелци, а го изнуди и пеналот кој го реализираше Лео Меси.

Во финишот на првиот дел, гостите си постигнаа автогол, Пау неспретно реагираше при обидот да пресече едно додавање од Меси за Бускетс.

Во продолжението од мечот мрежите не се тресеа, но „каталонците“ прикажаа импресивна партија.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе