Коронавирус кризата силно ги погоди „каталонците“

Куман признава дека Барса нема пари: Прво треба да продадеме некои играчи па да го купиме Депај

Откако од таборот на Лион синоќа изјавија дека Барселона нема пари да го купи Мемфис Депај, Роналд Куман потврди дека прово треба да продадат некои играчи и дури потоа да тргнат по потписот на напаѓачот.

Роналд Куман по пристигнувањето на Камп Ноу веднаш го извести Луис Суарез дека не смета на неговите услуги и дека треба да си бара нов клуб. Мемфис Депај беше идентификуван како наследник на Уругваецот, вчера се говореше дека паднал договор, но потоа пристигна демант.

Од таборот на Лион соопштија дека во моментов нема понуда на маса бидејќи Барселона нема пари да го купи Холанѓанецот.

Роналд Куман го потврди ова и вели: „Прво мора да продадеме некои играчи па потоа ќе го купиме Депај“.

Во меѓувреме, медиумите од Шпанија пак пишуваат дека Мемфис Депај е планот Б, прва желба на Роналд Куман бил Ромелу Лукаку.

Кога стратегот разговарал со раководството на Барселона за настапот на трансфер пазарот, предложил да биде купен напаѓачот на Интер, со кого има соработувано една сезона во Евертон. Луѓето на Камп Ноу задолежни за спортскиот дел го земале во предвид ова барање, но го известиле Холанѓанецот дека не можат да си дозволат еден ваков трансфер порди намалените приходи и коронавирус кризата.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе