Барселона

Куман нема проблем како Сетиен: Не е тешко да се работи со Меси

Роналд Куман вели дека не се сложува со тврдењето на поранешниот тренер на Барса, Кике Сетиен дека било тешко да се работи со Меси. 

Кике Сетиен претходно изјави дека му било тешко да работи со Меси, а каталонските медиуми открија и детали од нивните расправии.
 
Па на денешната прес конференција, Роналд Куман беше запрашан да каже што мисли околу тоа.
 
„Не ми е тешко да работам со Меси. Не се сложувам со Сетиен, но го почитувам неговото мислење. Ако така рекол, тогаш така било тоа за него“, вели Куман.
 
„Ми се допаѓа што сите во тимот ме слушаат и го напреднавме интензитетот на тренинзите“.
 
Утре Барселона го пречекува Динамо Киев во меч од Лигата на шампионите, медиумите во шпанија шпекулираат дека Меси нема да игра на овој меч, Куман сака да го одмори за следните предизвици.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе