Му се случува по втор пат оваа сезона

Куман ја прекина прес-конференцијата, почна да му тече крв од носот

Тренерот на Барселона, Роналд Куман беше приморан да ја прекине прес-конференцијата откако почна да му тече крв од носот.

Холанѓанецот денеска се појави пред новинарите во пресрет на дуелот со Севиља во Ла Лига. Прес-конференцијата сепак заврши предвреме, на Роналд Куман почна да му тече крв од носот.

Ова се случува по втор пат оваа сезона, Роналд Куман пред неколку години имаше проблеми со срцето па користи антикоагулантни средства кои придонесуваат од време на време да му потече крв од носот.

Тренерот на Барса, пред да биде принуден да ја прекине прес-конференцијата, одговараше на прашања за неговата иднина и недостатокот на лидерство од постарите фудбалерите.

„Знам дека кога сте тренер на Барселона секогаш има голем притисок. Доколку не победите или доколку загубите, секогаш тренерот е виновен. Го прифаќам ова. Се обидувам да работам најдобро што можам, никогаш не размислувам на пораз, секогаш одам на победа. Не знам што ќе се случи, ќе има време да мислам на мојата иднина, во моментов сум оптимист“ - рече Холанѓанецот.

„Постарите играчи се обидоа да истапат и да превземат контрола, но не можат сами. Меси има 17-18 погодоци, исто колку сите други напаѓачи заедно. Одговорноста мора да биде поделена“.

Барса ќе игра два пати против Севиља во период од неколку дена, по утрешниот дуел во Ла Лига, на 3. март е реваншот во полуфиналето од Копа дел Реј.

„Се работи за два различни натпревари но ќе се обидеме да победиме на двата. Знаеме да треба да надополниме 2-0 во купот, а утре ќе се обидеме да ја продолжиме добрата серија во првенството и да ги ставиме под притисок екипите кои се пред нас“.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе