Дефанзивецот се уште е приврзан за поранешниот клуб

Кулибали: Ако Наполи го освои Скудетото, ќе трчам до Неапол за да славам

Калиду Кулибали вели дека е горд на Наполи и вети дека ќе трча до Неапол за да слави доколку избраниците на Лучано Спалети го освојат Скудетото.

Наполи изминатово лето остана без неколку звучни имиња, договорите на Лоренцо Инсиње и Дрис Мертенс не беа продолжени а Калиду Кулибали беше продаден на Челси.

Но и покрај тоа, избраниците на Лучано Спалети прикажуваат одлични партии и се лидери во Серија А и во својата група во Лигата на шампиони.

„Верувам во судбина, после 8 години морав да заминам, му дојде крајот на мојот период, го дадов максумумот“ – вели Калиду Кулибали.

„Од емоционална гледна точка, не се променија многу работите. Го чувствувам секој гол, секоја победа, како да е моја. Овој Наполи е мој Наполи. Дали знаете за што зборувам во соблекувалната на Челси? За победите на моите поранешни соиграчи. Дали знаете зошто го правам тоа? Бидејќи сум горд на нив. Челсто разговарам со Ангиса, со Осимен. Дури имам разменето пораки со Кварацхелија, кого не го познавам“.

„Се надевам дека ќе го освојат Скудетото. Доколку се случи тоа, ќе трчам до Неапол за да славам. Тоа ќе биде и мое Скудето“.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе