Лига на нации

Крстајиќ: Против Македонија мора да бидеме фокусирани 90 минути

Селекторот на бугарската фудбалска репрезентација, Младен Крстајиќ верува дека можат утре да ја победат Македонија во Скопје, но мора да бидат фокусирани во текот на целиот меч и да имаат желба за победа. 

Утре со почеток од 20:45 часот на арената „Тодор Проески“, Македонија ја пречекува Бугарија во последниот меч од Лигата на нации за оваа сезона.
 
Натпреварот нема резултатско значење бидејќи е познато дека Грузија го освои првото место и оди ранг погоре, а Гибралтар ќе остане последен и ќе испадне во најслабата зона.
 
„Нема натпревари без важност. Секако дека ќе се обидеме да победиме. Натпреварот со Гибралтар е минато, раковме дека ќе победиме и навистина победивме. Важно е за бугарскиот тим да им концентрација 90 минути и желба за победа“, изјави Крстајиќ на денешната прес-конференција.
 
„Македонија е добар тим, очекувам тежок натпревар, би сакал да ја имаме истата енергија како и на мечот со Гибралтар. Ве молам ова да го преведете точно (кон преведувачот), бидејќи разбирам бугарски. Игравме со голем адреналин и истото го сакам и утре. Треба да излеземе на теренот фокусирани, тоа е нашата задача“.
 
„Ситуацијата надвор од теренот? Тоа е работа на политичарите. Ние ќе играме атрактивно колку што ќе ни дозволи ривалот. Ако загубиме, како би играле атрактивно? Ако е добар резултатот, значи сме играле добро. Моите играчи се способни за такви работи“,

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе