Бразилецот уживал на плажа во Ибица

Крауч за првата средба со Роналдо: Имаше пиво во рака и пепелник на стомакот

Питер Крауч раскажа за денот кога го сретнал Луис Назарио де Лима Роналдо, Бразилецот уживал на плажа во Ибица со пиво во рака, пепелник на стомакот и супермодел крај себе.

Поранешниот фубалер на Тотнем, Ливерпул и бројни други клубови на „островото“, реши досадата во изолација да ја „тепа“ откривајќи интересни приказни од неговата кариера.

Откако откри дека Просинечки не пушел само кога играл фудбал, Англичанецот раскажа за денот кога го сретнал Луис Назарио де Лима Роналдо. Бразилецот уживал на плажа во Ибица со пиво во рака, пепелник на стомакот и супермодел крај себе, и секако немал поим кој е Питер Крауч.

„Мојот идеален партнер во нападот? Без размислување би рекол оргиналниот Роналдо. Не сум сигурен дека стиловите на игра ќе ни се вклопат, но да изиграм 90 минути со него, тоа би ми го исполнило животот“ – вели Питер Крауч.

„Всушност, еднаш се имам сретнато со него. Бев на одмор на Ибица и го видов на плажа. Уживаше со пиво во рака и пепелник на стомакот. Секогаш кога ќе го довршеше шишето, супермоделот кој беше со него му носеше ново пиво“ .

„Шансата да се сликам со него беше предобра да се одбие, па му пристапив. Се надевав дека ќе рече, „Ох, ти си Крауч!“, но немаше поим кој сум јас. Направивме фотка и си заминав без Роналдо да знае дека сум фудбалер“.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе