Италијанецот заврши одлична работа оваа сезона

Конте си лапна убав бонус за пласман на Тотнем во Лигата на шампиони

Тотнем синоќа со убедлива победа над Норич го потврди топ 4 пласманот, Антонио Конте ќе добие бонус од 2,5 милиони фунти откако успеа да го однесе Тотнем во Лигата на шампиони.

Кога Антонио Конте го превзеде кормилото на „спарси“ во ноември, Тотнем беше на позицијата број 9 на табелата и многумина сметаа дека сезоната е изгубена. 

Сепак, Италијанецот го врати тимот на победнички патеки, Тотнем влезе во добра серија во финишот од сезоната, го доби градското дерби со Арсенал, и вчера со убедлив триумф над Норич го потврди топ 4 пласманот. 

Ваквиот успех на Италијанецот ќе му донесе убав бонус, медиумите од Англија пишуваат дека Даниел Леви на Антонио Конте му ветил 2,5 милиони фунти доколку успее да приреди чудо и да избори настап во најелитното европско натпреварување. 

По синоќешната победа над Норич, Антонио Конте рече: „Ова е една од најважните цели кои сум ги остварил во кариерата. Честитки до играчите и сите вработени во клубот. Кога дојдов во ноември, ситуацијата не беше добра но успеавме да најдеме решение. Сработивме одлична работа и навистина сум среќен и покрај тоа што не подигнав трофеј“.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе