Даниел Леви ќе го одврзе ќесето

Конте се закани дека ќе си оди, Тотнем му вети пари за троешење и шест засилувања

Првиот човек на Тотнем, Даниел Леви е подготвен да го одврзе ќесето за да го задржи Антонио Конте, „спарси" му ветуваат шест засилувања на стратегот за да продолжи во Северен Лондон.

Антонио Конте практично направи чудо на клупата на Тотнем и успеа да ги донесе „спарси“ до топ 4 финиш и настап во Лигата на шампиони.

По победата над Норич во последното коло, стратегот сепак одби да потврди дека останува во Северен Лондон.

„Под договор сум до следното лето, но сите знаат добро дека сум амбициозен. Сакам да се борам за нешто важно, сакам да се борам за трофеј. Ќе видиме што ќе се случи, во неколку наврати кажав дека по крајот на сезоната ќе седнеме со раководството и ќе одлучиме што е најдобро за мене и за клубот“ – рече Антонио Конте.

Како што пренесува Телеграф, Даниел Леви е подготвен да го одврзе ќесето за да го задржи стратегот.

Спортскиот директор Фабио Паратичи оваа недела ќе отпатува во Италија и на Антонио Конте ќе му ги презентира плановите и ветувањата за шест засилувања.

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе