Италијанецот му испрати порака на својот колега од Челси

Конте ја продолжи „војната“ со Тухел на Инстаграм: Имаш среаќа што не те видов... (ФОТО)

Антонио Конте беше смирен кога даваше интервју за медиумите по крајот на натпреварот помеѓу Челси и Тотнем, но ја продолжи „војната" со Томас Тухел на социјалните мрежи.

На синоќешното градско дерби помеѓу Челси и Тотнем летаа искри крај аут линијата, Томас Тухел и Антонио Конте два пати влегоа во клинич. Првиот пат кога тренерот на гостите претера со прославата на голот за 1-1, а вториот пат кога мечот заврши и двајцата стратези тргнаа да се поздрават.

На средбата со медиумите по крајот на натпреварот, Антонио Конте беше прилично смирен и запрашан за настаните, тој рече, „Ништо важно, ништо важно“.

„Судијата ми покажа црвен картон, иако не ја разбирам динамиката на настаните, морам да го прифатам. Повторувам, ништо важно. Проблемот е помеѓу мене и другиот тренер“.

„Искрено не сакам да коментирам за случувањата, има видео од настанот секој може да погледне и да види што се случуваше. Сигурно дека нема да бидам пасивен. Доколку некој е агресивен кон мене, и јас покажувам агресивност, но повторувам, ништо важно“.

Сепак, Италијанецот ја продолжи „војната“ на социјалните мрежи, постираше слика од Томас Тухел како го слави голот за 2-1 и напиша: „Имаш среќа што не те видов, заслужи да те сопнам и да летнеше г’з преку глава“.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе