Од Данска најавуваат трансфер во јануари

Конте добива големо засилување, Ериксен се сели во Интер за 20 милиони евра

Кристијан Ериксен е пред трансфер во Интер, од Данска пристигнува информација дека само детали го делат фудбалерот од преселба во Милано во зимскиот преоден рок.

Антониот Конте ќе добие големо засилување за продолжението од сезоната, Кристијан Ериксен пристигнува на Џузепе Меаца. Од Данска вечерва пристигна информација дека само детали го делат фудбалерот од преселба во Милано.

Весникот Екстра Балдет повикувајќи се на извори блиски до зделката, пренесе дека во следните недели ќе биде постигнат компромис помеѓу страните за трансфер вреден помеѓу 20 и 24 милиони евра.

Кристијан Ериксен ги оработува последните шест месеци од договорот со Тотнем и има одврзани раце да си пронајде нов клуб во кој летоска ќе може да се пресели без обесштетување. Но Интер сака да го донесе Данецот уште овој месец за Антонио Конте да има повеќе адути во битката за Скудетото.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе