Ќе ги пропушти дуелите со Грузија и Бугарија

Компани со лоши вести за Македонија: Чурлинов ќе паузира некое време

Тренерот на Барнли, Винсент Компани откри дека Дарко Чурлинов ќе биде надвор од терените одредено време, офанзивниот фудбалер нема да биде во комбинација за дуелите против Грузија и Бугарија во Лигата на нации.

„Црвено-жолтите“ ќе бидат ослабени за дуелите против Грузија и Бугарија во Лигата на нации поради неиграњето на Дарко Чурлинов.

Офанзивниот фудбалер синоќа не настапи за Барнли против Престон и Винсент Компани откри дека Македонецот ќе паузира одредено време.

„Не можам да откријам која е точната повреда, но за жал Дарко ќе паузира некое време“ – рече тренерот на Барнли.

Дарко Чурлинов има проблеми со задниот бутен мускул па нема да може да помогне против Грузија (23. септември) и Бугарија (26. септември).

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе