Холанѓанецот си ја отвори душата

Коман го нападна Лапорта: Како можеше да нема пари за Меси да остане а потоа беа потрошени 55 милиони?

Роналд Куман си ја отвори душата по заминувањето од Барселона, вели дека раководството не било трпеливо, не му дало време и го нападна Жоан Лапорта за одлуката да го пушти Лео Меси да замине.

По серијата слаби резултати, Барселона реши да му врачи отказ на Куман на крајот од октомври месец минатата година и го назначи Чави за нов тренер.

Во разговор со АД, Холанѓанецот си ја отвори душата и говореше на неколку теми.

„Нема да ме видите на Камп Ноу во блиска иднина. Нема да се лажеме, односот со претседателот не беше најдобар“ – вели Куман.

„Не добив време како што доби новиот тренер, Чави. Се уште ме боли. Имавме многу повреди. Сега Педри се врати во форма, исто како и Осман Дембеле... полека се редат коцките“.

„На секој тренер му е потребно време и трпение од бордот. Би сакал и јас да ги добиев тие засилувања (на Камп Ноу во јануари пристигнаа Торес, Траоре, Обамејанг и Алвеш)“.

„Јас не бев тренерот на Лапорта. Го имав тоа чувство од првиот ден, никако не се поклопувавме. Недостасуваше неопходната поддршка од раководството. Сакав да успеам како тренер на Барса, да го дадам максимумот, но ми беше јасно дека Лапорта сака да се ослободи од мене бидејќи не бев именуван за тренер од него“.

„На инсистирање на раководството прифатив одредени фудбалери да заминат со цел финансиите да се стават во ред“.

„Но кога ќе видите дека купија фудбалер за 55 милиони евра кратко по одлуката да му се дозволи на Лео Меси да замине... Се прашувате дали нешто друго се случувало зад сцената. Зошто Меси мораше да замине?“

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе