Сериозен тест за Португалецот

Клуб од Саудиска Арабија дава 300 милиони евра за Роналдо

Кристијано Роналдо ќе биде под голем тест, дали ќе замине во Саудиска Арабија по пари или ќе остане во Европа да ги подобрува бројките на погодоци и трофеи.

Според „Си-Ен-Ен Португалија“, клуб од Саудиска Арабија е подготвен да одвои 300 милиони евра за да го донесе Кристијано Роналдо во своите редови.

Од тие пари, 30 милиони евра е понуда за Манчестер јунајтед, 20 милиони евра се за агентот Жорж Мендеш, а 250 милиони евра се за двегодишен договор на Кристијано Роналдо.

Роналдо се уште не се приклучил на подготовките на Манчестер јунајтед, Португалецот сака да замине, но од друга страна пак нема некој клуб кој е посебно заинтересиран за него.

Пред Роналдо се три јасни опции, да остане во Манчестер јунајтед, да остане во Европа но да го промени клубот или да замине во Саудиска Арабија.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе