Во недела со почеток од 17:30 часот, Ливерпул го пречекува Манчестер јунајтед во големото дерби од Премиерлигата кое во овој случај е и дуел меѓу првиот и вториот на табелата.
Марк Клатенбург изјави дека Јирген Клоп со изјавата по мечот против Саутемптон дека Манчестер јунајтед добива многу пенали, сака да влијае на судењето за дербито на Енфилд.
Клоп му возврати на Клатенбург и остро негираше дека игра психолошки игри.
„Дали сум изненаден дека некој зборува за тоа што го реков по мечот со Саутемптон? Не“, вели Клоп.
„Дали сум изненаден дека Марк Клатенбург зборува за тоа? Не. Но убаво е што долго по неговата кариера можеме да позборуваме и за него“.
„Клатенбург рекол дека ние се обидуваме психолошки да влијаеме на мечот? По мечот со Саутемптон, јас во тој момент ни на секунда не помислив на дуелот со Манчестер јунајтед“.
„Пред мечот со Саутемптон ја гледав статистиката за пеналите и го кажав тоа“.
„Кога луѓе како Марк Клатенбург зборуваат како што зборуваат, тоа секогаш кажува многу повеќе за нив отколку што може да каже за мене“.
„Доколку тој би бил во моја ситуација, очигледно би играл психолошки игри, но јас не сум таков, немам вештини за да играм психолошки игри“.