Лига на шампиони

Клоп: Резервирајте хотел, и следната сезона ќе играме во финалето

Јирген Клоп е уверен дека Ливерпул и во следната сезона ќе се пласира во финалето од Лигата на шампионите, тој е задоволен од својот тим и покрај поразот од Реал Мадрид.

Ливерпул не успеа да му се одмазди на Реал Мадрид, црвените повторно загубија од кралскиот клуб во финале од Лигата на шампионите.

„Не е лошо да се пласирате во финале, и тоа е некој вид на успех иако не е успехот кој го сакате“, вели Клоп.

„Имам силно чувство дека ќе се пласираме повторно. Момците се навистина конкурентни и се една неверојатна група, следната сезона повторно ќе се пласираме. Каде е финалето следната сезона? Истанбул? Резервирајте хотел!“.

„Расположението во соблекувалната прави да се чувствувате дека ова не била добра сезона за нас“.

„Одигравме добар, не перфектен натпревар. Не можеме да одиграме перфектен меч со таква поставеност на противникот, формација со која се бранеа длабоко и играа на контра напади и долги топки. Имавме многу шутеви, но не беа чисти, само трипати го принудивме Куртоа да интервенира со одлични одбрани“.

Ливерпул и покрај поразот ќе прави парада во градот да ги прослави трофеите од Карабао купот и ФА Купот.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе