Уругваецот ги остави соиграчите не цедило

Клоп испрати порака до Нуњез по црвениот картон против Кристал Палас

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека Дарвин Нуњез бил провоциран цел натпревар но напаѓачот не смеал да реагира на начинот на кој реагираше и најави дека ќе разговара со Уругваецот.

Ливерпул ремизираше и на вториот натпревар од новата сезона во Премиерлигата, вечерва „црвените“ одиграа 1-1 против Кристал Палас.

По десетина минути игра во второто полувреме, работата им стана значително потешка откако Дарвин Нуњез со глава удри противнички играч и доби директен црвен картон.

„Добро го започнавме второто полувреме но потоа се случи тој пех, црвениот картон беше чист како солза. Дарвин беше провоциран цел натпревар, но не смее така да се однесува“ – вели Јирген Клоп.

„Знае дека ги остави играчите на цедило, ќе разговарам со него. Знам дека постојано е мета на противниците, но не треба да реагира на таков начин“.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе