Францускиот клуб потврди

Килијан Мбапе потпиша нов договор со ПСЖ (ВИДЕО)

ПСЖ и официјално објави дека потпиша нов договор со Килијан Мбапе со важност до 2025 година. 

Пред почетокот на мечот од последното коло меѓу ПСЖ и Мец, стигна и официјалната потврда дека Мбапе стави потпис на нов договор со францускиот клуб.
 
„Ова е мојот дом, мојот град како и секогаш што велев. Јас ќе продолжам во ПСЖ за да освојуваме титули заедно“, вели Мбапе.
 
„Навистина сум среќен што ќе ја продолжам авантурата тука во ПСЖ. Што ќе останам во Париз, во мојот град“.
 
„Се надевам дека ќе продолжам да го правам тоа што преферирам да го правам со сите вас... да освојуваме титули заедно! Ви благодарам многу“.
 
Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи вели дека е горд што успеал да го задржи Мбапе.
 
„Горд сум што можам да ја споделам оваа прекрасна вест. Килијан Мбапе потпиша до јуни 2025 година со ПСЖ“, соопшти Ал Келаифи.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе