Авантурата на Камп Ноу ќе им заврши пред да почне

Кеси и Кристенсен можат да ја напуштат Барселона веќе следната недела?!

Според пишувањата на ЕСПН, Франк Кеси и Андреас Кристенсен можат да ја напуштат Барселона доколку до сабота не бидат регистрирани за настап во Ли Лига.

Франк Кеси и Андреас Кристенсен беа првите засилувања на Барселона ова лето, но фудбалерот од средниот ред и дефанзивецот можат по брза постапка да го напуштат Камп Ноу.

Како што пренесува ЕСПН, во нивните договори има клаузула со која се прекинува соработката доколку до сабота не бидат регистрирани за настап во Ла Лига.

Барселона и покрај тоа што прибра преку 600 милиони евра со продажба на 25% од ТВ правата и 24,5% од „Барса Студиос“, не добива зелено светло за регистрација на новите засилувања и фудбалерите кои ставија потпис на нов договор.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе