Смета дека Аталанта била оштетена против Реал Мадрид

Капело: И Зидан беше изненаден од црвениот картон, видовте ли како се насмевна?

Фабио Капело смета дека Аталанта била оштетена против Реал Мадрид и додава дека и самиот Зинедин Зидан се чудел на црвениот картон.

Реал Мадрид синоќа си замина од Бергамо со триумф од 0-1, но натпреварот помина во сенка на инцидентот кој го реши текот на мечот, односно црвениот картон кој го заработи Фројлер.

Многумина сметаат дека фудбалерот на Аталанта не требал да биде исклучен, а слично размислување има и Фабио Капело.

„Разочаран сум, тој не беше последен човек а и Менди одеше на страна, не кон голот. Доволен беше жолт картон. Необјасниво е како судијата се реши за црвен, го уништи натпреварот. И на Зидан не му се веруваше. Дали видовте како се насмевна? Аталанта немаше среќа, но ги чека реванш во Мадрид и се може да се случи. Доволно е да постигнат еден гол и да не примат“ - вели Фабио Капело.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе