СП 2022

Канада само ја налути Хрватска, убедлива победа за „коцкестите“ (ВИДЕО)

Хрватска со 4-1 ја победи Канада и се искачи на првото место во групата, доволно им е и реми против Белгија во последното коло за да го заверат пласманот во осминафиналето на Мундијалот. 

Натпреварот почна шокантно за Хрватска, по само 68 секунди игра Дејвис донесе водство за Канада од 1-0. Тоа беше прв погодок за Канаѓаните на Светските првенства.
 
 
Но, Хрватска брзо се созема, во 36. минута Крамариќ по асистенција од Перишиќ постигна гол за израмнување на 1-1.
 
 
Само осум минути подоцна Ливаја постигна гол за комплетен пресврт и водство на Хрватска од 2-1, со тој резултат се замина на полувремето.
 
 
Во 70. минута Крмариќ постигна уште еден гол, зголеми на 3-1 и веќе беше јасно кој ќе биде победникот на овој натпревар.
 
 
Во судиското продолжение, по една контра, Мислав Оршиќ несебично додаде до Мајер, а тој погоди за конечни 4-1.
 
 
По две одиграни кола Хрватска и Мароко имаат по четири бода, Белгија има три, Канада е без бодови и ги загуби сите шанси за осминафинале.
 
Во последното коло Хрватска игра против Белгија и доволен им е бод да се пласираат понатаму, Мароко игра со Канада.
 

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе