Напаѓачот нема лесно да замине од Минхен

Кан му испрати порака на Левандовски: Никој не е поголем од Баерн... ќе си ја одработиш последната година

Генералниот извршен директор на Баерн Минхен, Оливер Кан вели дека Роберт Левандовски ќе ја одработи последната година од договорот и порача дека никој не е поголем од клубот.

По ремито против Волфзбург во саботата, Роберт Левандовски изјави дека веројатно тоа е неговиот последен натпревар во дресот на Баерн Минхен.

Напаѓачот веднаш доби одговор од претседателот на Баерн Минхен, кој изјави дека Полјакот е под договор до 2023, па и следната сезона ќе настапува на „Алианц Арена“.

Со слична изјава излезе и генералниот извршен директор, Оливер Кан.

„Му понудивме продолжување на договорот, тој го одби предлогот и тоа е негово право. Но факт е дека тој има договор и ќе го одработи во целост. Доста веќе!“ - рече поранешниот голман.

„Прилично сме јасни и конзистентни по ова прашање. Така се работи тука во Баерн Минхен. Ниту еден играч не е поголем од клубот и не е над клубот“.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе