Серија А

Калулу неочекувано е херојот на Милан, погоди прекрасно и ги однесе „росонерите“ на +5 (ВИДЕО)

Милан со минимални 1-0 славеше над Емполи, Калулу е херојот откако погоди прекрасно од врвот на шеснаесетникот и ги однесе „росонерите" на +5.

Избраниците на Пиоли ги ставија Интер и Наполи под додатен притисок откако вечерва стигнаа до минимална победа над Емполи и отворија пет бода предност на врвот на табелата.

Клучниот момент на мечот се случи во 19. минута, Калулу покажа дека не треба сила туку може и со мозок, начека една топка на врвот од шеснаесетникот и итро пласираше за 1-0.

Гостите се обидоа да му ги замрсат плановите на фаворитот, имаа добри прилики во второто полувреме но Мајк Мењан со одлични интервенции не дозволи да биде совладан.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе