ФА Куп

Каков гол на тинејџерот Џонс, Клоп со втор тим го доби Анчелоти во дербито на Мерсисајд (ВИДЕО)

Ливерпул се пласираше во четвртата рунда од ФА Купот откако вечерва го доби градското дерби со Евертон, 18 годишниот Куртис Џонс постигна спектакуларен гол за триумф од 1-0.

Јирген Клоп изминативе денови беше на мета на критичарите, Германецот беше обвинет дека покажува непочитување кон најстарото фудбалско натпреварување бидејќи нема да настапи со најсилен состав.

Но Германецот и со вториот тим успеа да ја добие пресметката со Карло Анчелоти. Големото дерби на Мерсисајд вечерва заврши со 1-0, херој на домаќините беше 18 годишниот Куртис Џонс.

Тинејџерот спектакуларно погоди од работ на шеснаесетникот за триумф на Ливерпул и пласман во четвртата рунда од ФА Купот.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе