Лига на шампиони

Каков гол на Оздоев, Челси шокиран во 94. минута, Јувентус го освои првото место (ВИДЕО)

Зенит се избори за бод против Челси, Оздоев во 94. минута го шокираше фаворитот и му ги помати сметките пред ждрепката за осминафинале, првото место во групата му припадна на Јувентус.

Челси по потешкиот пат ќе се обиде да ја одбрани титулата во Лигата на шампионите, избраниците на Тухел вечерва кикснаа на гостувањето кај Зенит па нема да бидат помеѓу носителите во ждрепката за осминафинале.

„Сините“ одлично го отворија натпреварот, поведоа во 2. минута со голот на Вернер.

Но пред крајот на првиот дел, Зенит го сврте резултатот во своја корист. Клаудињо изедначи на 1-1, за Азмун во 41. минута да погоди за 2-1.

Во продолжението од мечот следеше нов пресврт, Лукаку изедначи на 2-2 во 62. минута за Вернер во 85. минута да донесе 2-3.

Сепак, длабоко во судиското надополнување, Оздоев постигна прекрасен гол, од врвот на шеснаесетникот закачи полуволеј и биеше неодбранливо под пречката.

На овој гол особено се израдуваа во Торино, каде Јувентус со 1-0 ги совлада Малме, „старата дама“ го освои првото место, и може да се надева на полесен ривал во следната рунда.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе