Ла Лига

Кадиз се распадна по драмата на трибините, убедлива победа на Барселона (ВИДЕО)

Барселона славеше со 0-4 на гостувањето кај Кадиз, победата ќе остане во сенка на драмата која се случуваше на трибините, навивач доживеа срцев удар и докторите се бореа за неговиот живот.

Барселона со три бода си замина од „Нуево Мирандиља“ во натпревар на кој имаше драма на трибините, навивач доживеа срцев удар и докторите се бореа за неговиот живот.

Откако мрежите мируваа во првото полувреме, Френки де Јонг го отвори резултатот во 55. минута, Холанѓанецот начека една одбиена топка и реализираше за 0-1.

Десет минути подоцна, Левандовски искористи една мешаница и погоди за 0-2.

Во 81. минута, натпреварот беше прекинат поради интервенција на лекарските екипи на трибините, играчите беа испратени во соблекувална и натпреварот продолжи во 21:05 часот.

По драмата на трибините, Кадиз се распадна, па до крајот Барса погоди уште два пати.

Ансу Фати рутински заврши по асистенција на Левандовски за 0-3, за во судиското надополнување, Дембеле да погоди од врвoт на шеснаесетникот за 0-4.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе