Најавите на италијанските медиуми се остварија

Јувентус потврди, Андреа Пирло е новиот тренер

Најавите на италијанските медиуми се потврдени, Јувентус и официјално го назначи Андреа Пирло за нов тренер на првиот тим. 

Легендарниот Андреа Пирло за прво тренерско искуство ќе го има никој друг туку Јувентус. Клубот од Торино вечерва објави дека тој е наследникот на Сари.
 
Андреа Пирло ќе биде новиот тренер на Јувентус. Тој денеска потпиша двегодишен договор со траење до 30 јуни 2022 година“, стои во дел од соопштението на Јувентус.
 
Пирло пред една недела беше назначен за тренер на Јувентус У23 кој настапува во Серија Ц, но денеска е прекомандуван во тренер на првиот тим.

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе