Душан Влаховиќ за првпат се врати во Фиренца откако ја напушти Фиорентина и се пресели во Јувентус.
Фиорентина беше подобра, создаде повеќе шанси, Влаховиќ беше одлично чуван, а Јувентус не изгледаше опасно по голот на Терачано.
Кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши без голови, несреќниот Венути си ја затресе сопствената мрежа за победа на Јувентус од 1-0.
Патникот во финалето од Купот на Италија, ќе се решава во Торино, но денешната победа го прави Јувентус голем фаворит.