Тен Хаг не се откажува од својот сонародник

Јунајтед не може да му понуди ЛШ на Де Јонг па го убедува со многу пари, Холанѓанецот ќе стане најплатен

Медиумите од Англија пренесуваат дека Манчестер јунајтед му ветува на Френки де Јонг дека ќе стане најплатен фудбалер на Олд Трафорд доколку направи трансфер ова лето.

Се шпекулира дека новиот тренер на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг сака да го донесе својот сонародник Френки де Јонг како едно од првите засилување ова лето.

Проблем е тоа што Манчестер јунајтед не обезбеди настап во Лигата на шампиони и Холанѓанецот преферира да игра во најелитното европско натпреварување доколку реши да ја напушти Барселона.

Според Дејли Стар, „ѓаволите“ го примамуваат Френки де Јонг со многу пари и му ветуваат дека ќе стане најплатен фудбалер на Олд Трафорд доколку направи трансфер.

Весникот шпекулира со бројката од 395.000 фунти неделно, сума со која Френки де Јонг ќе има поголеми примања и од Кристијано Роналдо.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе