Србинот пристигна на позајмица до крајот на сезоната

Јовиќ се врати во Ајнтрахт Франкфурт, Реал ќе покрива дури 80% од платата

Лука Јовиќ и официјално се врати во Ајнтрахт Франкфурт, Србинот го доби дресот со број 9 и ќе настапува за „орлите" на позајмица до крајот на сезоната.

Лука Јовиќ пред 18 месеци го напушти Ајнтрахт Франкфурт и се пресели во Реал Мадрид во трансфер вреден 60 милиони евра, но откако не успеа да се снајде на „Сантијаго Бернабеу“, Србинот сега одново ќе го облече дресот на „орлите“ за да се врати во голгетерска форма и да си ја врати самодовербата.

Откако синоќа беа изпеглани сите детали, напаѓачот денеска официјално беше промовиран со дресот со број 9.

Тој ќе настапува како позајмен фудбалер до крајот на сезоната, а за Ајнтрахт Франкфурт да може да си го дозволи, Реал Мадрид ќе покрива дури 80% од платата на Лука Јовиќ, која изнесува 10 милиони евра бруто.

„Не му беше лесно во Мадрид. Многу е важно што побрзо да влезе во ритам. Имаше огромна желба да се врати во Ајнтрахт. Лука треба да ги искористи следните месеци за да се врати во топ форма во околина која му е прилично позната. Раководството на Реал Мадрид знае дека тој е во добри раце и ќе продолжи да бележи прогрес. Што се однесува до нас, ние знаеме дека имаме изворедна опција за нападот“ – вели спортскиот директор Фреди Бобиќ.

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе