СП 2022

Јапонија ја победи Шпанија и ја елиминира Германија од Светското првенство (ВИДЕО)

Јапонија направи ново големо изненадување откако ја победи Шпанија со 2-1, тоа значеше елиминација за Германија и покрај нивниот триумф над Костатика од 4-2. 

Германија на второ Светско првенство по ред е елиминирана во групната фаза, освоија само четири бода и не заслужија да одат во осминафинале иако ќе беа таму доколку Шпанија не загубеше од Јапонија.
 
Шпанија добро го почна мечот, Мората во 11. минута со глава донесе водство од 1-0.
 
Но Јапонците во 48. израмнија преку Доан, а само три минути подоцна Танака погоди за комплетен пресврт и водство од 2-1. Тој резултат остана активен до крајот на мечот.
 
 
Во меѓувреме Германија се мачеше против Костарика. Германците поведоа со гол на Гнабри во 10. минута.
 
Техеда во 58. минута израмни на 1-1, Варгас во 70. минута погоди за комплетен пресврт и водство на Костарика од 2-1. Во тие моменти Костарика и Јапонија одеа во осминафиналето.
 
До крајот на мечот Германија даде уште три гола, двапати погоди Хаверц, еднаш Филкруг за конечна победа од 4-2.
 
 
Јапонија го освои првото место со шест бода, Шпанија и Германија имаат по четири, но Шпанците имаат далеку подобра гол разлика благодарение на победата од 7-0 во првото коло. Костарика е последна со три бода.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе