СП 2022

Јапонија џабе напаѓаше, Костарика еднаш шутна во голот и победи (ВИДЕО)

Јапонија не успеа дополнително да им го закомпликува животот на Германците, „самураите" кикснаа против Костарика и загубија со 0-1.

Германија ќе може малку полесно да дише во пресрет на пресметката со Шпанија откако Костарика ја совлада Јапонија со 0-1.

„Самураите“ беа подобар противник, напаѓаа постојано, упатија дури 14 удари, но сето тоа беше џабе.

Костарика се бранеше и трпеливо ја чеаше својата шанса која им се укажа во 81. минута и единствениот удар во рамките на голот, заврши во мрежата.

По една грешка на дефанзивата на Јапонија, Фулер од работ на шеснаесетникот пласираше во аголот, голманот на Јапонија ја допре топката, но не спречи таа да заврши зад неговиот грб.

Јапонија во финишот се обиде барем да стигне до бод, но Кејлор Навас ја сочува својата мрежа и Костарика се радуваше на три бода.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе