Катарците не ги ценат многу човечките животи

Извршниот директор на СП лут на новинарите: На средина од СП вие ме прашувате за смртта на работник

Катар започна истрага за безбедност при работа по смртта на еден работник по извештаите дека маж починал на тренинг за време на Светското првенство, домаќинот на Мундијалот го бие лош глас за третманот на работниците мигранти. 

Извршниот директор на Светското првенство, Насер Ал Катер ја потврди информацијата на „Ројтерс“ за смртта на работникот без притоа да навлезе во детали, само рече дека смртта е природен дел од животот.
 
„Смртта е природен дел од животот, без разлика дали ќе се случи на работа или додека спиете дома. Ние сме на средина од Светско првенство. Имаме успешно Светско првенство. И ова е нешто за кое вие сакате да зборуваме сега?“, Насер Ал Катер им се објави луто на новинарите затекнат од незгодното прашање.
 
Катарската влада најави дека доколку истрагата покаже дека безбедносните протоколи не биле запазени, компанијата ќе биде казнета.
 
Пред почетокот на Светското првенство, Катар беше обвинуван дека илијадници работници умреле за време на изградбата на стадионите и целосната инфраструктура за одржување на Мундијалот.
 

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе