Фаворитите се избегнаа

Извлечена ждрепката за Лига Европа

Заврши и вториот дел од ждрепката во Нион, беа извлечени паровите за Лига Европа и беше одреден расплетот на најмасовното европско натпреварување.

Исто како и Лигата на шампиони, поради пандемијата на коронавирус, Лига Европа ќе се доигра со Ф8 турнир кој ќе биде организиран во Германија. Па во Нион беше одработен и вториот дел од ждрепката и беше одреден расплетот за најмасовното европско натпреварување.

Фаворитите се избегнаа меѓу себе во четвртфиналето, па дерби пресметки веројатно ќе гледаме во полуфиналето.

Четвртфинале Лига Европа:                                           

Шахтар/Волфзбург – Базел/Ајнтрахт Франкфурт

Манчестер јунајтед/ЛАСК – Копенхаген/Истанбул Башакшехир

Интер/Хетафе – Леверкузен/Ренџерс

Вулверхемптон/Олимпијакос – Рома/Севиља

Полуфинале Лига Европа:

Вулверхемптон-Олимпијакос/Рома-Севиља - Манчестер јунајтед-ЛАСК/Копенхаген-Истанбул Башакшехир

Интер-Хетафе/Леверкузен-Ренџерс – Шахтар-Волфзбург/Базел-Ајнтрахт Франкфурт

Пред да се одржи Ф8 турнирот, ќе се играат мечевите од осминафиналето, некои ќе бидат реванши, а некои само еден меч (Интер-Хетафе и Рома-Севиља).

На 5 и 6 август ќе се играат мечевите од осминафиналето, четвртфиналето ќе биде на програмата на 10 и 11 август (Келн, Дуизбург, Дизелдорф, Гелзенкирхен), полуфиналето е на 16 и 17 август, додека пак финалето е закажано на 21 август во Келн.

Државата Бугарија ги исцрта своите позиции, а државата Македонија не. Сега сме во финалната фаза – за овие прашања да зборуваат партиските водачи – Заев, Мицкоски, а поретко нивните статисти – пратениците и претседателот на Републиката.

повеќе

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе