Долго време резултатот беше 0-0, конечно гол падна во 70. минута кога по асистенција на младиот Џонто, Пелегрини постигна погодок за водство на Италија од 1-0.
Радоста кај италијанските навивачи на трибините беше голема, но не траеше долго бидејќи во 73. минута Кимих го изедначи резултатот на 1-1.
Претходно во Лига А, Унгарија направи големо изненадување победувајќи ја Англија.
Во Лига Б, Ерманија со 1-0 ја совлада Република Ирска, Црна Гора со 2-0 ја победи Романија, а Финска и БиХ одиграа нерешено 1-1.
Во Лига Ц, Луксембург со 2-0 славеше на гостувањето кај Литванија, а Турција со 4-0 лесно ги победи Фарските Острови.