На Арената „Тодор Проески“, имаше 20.000 навивачи кои со свирежи ги пречекаа бугарските фудбалери, се исвиркуваше и нивната химна.
Откако ја победија Македонија, Бугарите сега ликуваат, па Валентин Антов вели дека исвиркувањето на химната им дало поголема мотивација.
„Ова е прекрасно чувство, сега цела Бугарија може да биде среќна и да се радува за оваа победа. Заслуживме да се радуваме и да бидеме насмеани. Ни ја исвиркуваа химната, но тоа дополнително нѐ мотивираше. Очигледно дека промените во системот донесоа многу добри работи. Ќе уживаме во оваа победа и таа ќе ни биде водилка за иднината за нашиот напредок. Добро е што победивме и со 'чиста мрежа'“, изјави Валентин Антов.