Оваа недела, обвинителството од Торино ги извести директорите на Јувентус и членовите на бордот за резултатите од прелиминарната истрага поврзана со „штелување“ на смеките, односно лажното сметководство и лажните известувања до берзата.
Истрагата започна минатата година откако на прислушкувани разговори се дознало за приватен документ помеѓу Кристијано Роналдо и Јувентус.
Тогаш се пишуваше за „фамозен договор кој не постои“ и како што пренесува Газета дело Спорт, документот конечно бил пронајден.
Во март 2020, кога фудбалот запре поради пандемијата на ковид-19, Јувентус соопшти дека фудбалерите се откажуваат од четири плати со цел да помогнат клубот да го преброди тешките месеци.
Но фудбалерите всушност се откажале само од една плата, а за другите три плати, потпишале приватни документи со кои им се гарантираат платите.
Газета дело Спорт пишува дека во случјанот на Кристијано Роналдо, му било ветено дека ќе добие 19,9 милиони евра, дури и доколку направи трансфер и замине од Торино.
Обвинителството смета дека овие приватни договори морале да бидат искажани во балансот како долг, и акционерите морале појасно да бидат известени за овие расходи.