Серија А

Интер загуби на Олимпико, Луис Алберто и Педро му донесоа победа на Лацио (ВИДЕО)

Лацио со 3-1 го победи Интер во дерби натпреварот на Олимпико, Симоне Инзаги уште еднаш загуби од својот поранешен тим. 

Идентично како и лани, Интер на челот со Симоне Инзаги загуби со 3-1 на гостувањето кај Лацио.
 
Мрежите мируваа до 40. минута кога Фелипе Андерсон погоди за водство на Лацио од 1-0.
 
 
По шест минути игра во вториот дел Лаутаро Мартинез го изедначи резултатот на 1-1.
 
 
Маурицио Сари во 57. минута во игра ги внесе Луис Алберто и Педро и тоа се покажа како клучно за победа на Лацио.
 
Во 75. минута по асистенција од Педро, Луис Алберто постигна фантастичен погодок.
 
 
А само десет минути подоцна и самиот Педро даде гол и ги постави конечните 3-1.
 
 
По три одиграни кола Лацио има седум бода, а Интер остана на шест.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе