Лига на шампиони

Интер со три бода се враќа од Плзен, Спортинг го победи Тотнем (ВИДЕО)

Интер со 2-0 славеше на гостувањето кај Викторија Плзен, Спортинг Лисабон со истиот резултат го совлада Тотнем на свој терен во првите денешни натпревари од Лигата на шампионите. 

По поразот од Баерн Минхен во првото коло, Интер дојде до првиот триумф во Лигата на шампионите оваа сезона откако со 2-0 ја совлада екипата на Викторија Плзен.
 
Един Џеко беше играчот на мечот за Интер. Со негов гол во 20. минута нероазурите дојдоа до водство, а потоа Босанецот асистираше до Думфрис кој погоди во 70. минута и ја запечати победата.
 
Спортинг Лисабон има фантастичен старт на Лигата на шампионите, во првото коло го победи Ајнтрахт во Франкфурт со 3-0, а денеска докажа дека тој триумф не беше случаен, го совладаа Тотнем со 2-0.
 
Интресно, резултатот беше 0-0 до 90. минута, тогаш Паулињо погоди за 1-0, а три минути подоцна Артур Гомез реализираше за 2-0.

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе