Серија А

Интер се спаси од пораз во Торино, но и ремито го израдува Милан (ВИДЕО)

Со гол на Алексис Санчез во судиското продолжение Интер одигра 1-1 на гостувањето кај Торино, загубените два бода од овој дуел за нероазурите, го ставаат Милан во најдобра позиција за освојување на Скудетото. 

Интер беше на прагот на пораз од Торино, сепак во последните моменти од мечот успеа да дојде до реми, но и овој резултат се смета за кикс на тимот на Инзаги.
 
Торино дојде во водство со гол на Бремер уште во 12. минута од натпреварот.
 
 
Предноста за домаќините можеше да биде и поголема, но се случи контроверзен момент, не беше досуден пенал за Торино по фаул на Ранокија над Белоти, иако ударот беше очигледен.
 
 
Во второто полувреме Интер со сите сили се обидуваше да го сврти мечот, но успеа само да избегне пораз.
 
Во 93. минута по асистенција од Един Џеко, Алексис Санчез погоди за израмнување на 1-1, што беше и конечен резултат.
 
 
Милан е на врвот со 63 бодови, три повеќе од Наполи и четири од Интер. Нероазурите имаат натпревар помалку, три бода од тој меч сега се доволни само за второ место.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе