Серија А

Интер потпиша со најталентираниот албански фудбалер

Кристијан Аслани е нов фудбалер на Интер, тој пристигна од Емполи на едногодишна позајмица со обврска да биде откупен следното лето.

20-годишниот Аслани кој лани одигра 23 натпревари и постигна еден гол, потекнува од школата на Емполи.

Интер за трансферот ќе плати вкупно 14 милиони евра. Четири милиони евра за позајмицата, и идното лето ќе даде уште 10 кога ќе треба целосно да го откупи.

„Се чувствувам неверојатно. Имам само 20 години и добивам шанса да играм за клуб кој е навистина посебен. Не можам да дочекам сезоната да почне, ќе дадам се од себе“, изјави Аслани.

„Ја напуштив Албанија кога имав две години. Тука во Италија се школував и научив да играм фудбал. Не можев ниту да замислам дека ова ќе ми се случува“.

Аслани ќе го носи дресот со број 14.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе