Ривалот со убави мисли за дефанзивецот

Интер му испрати порака на Кјаер: Те чекаме да ти го дадеме аплаузот кој го заслужуваш (ФОТО)

И градскиот ривал на Милан, Интер испрати убава порака до дефанзивецот на росонерите, Симон Кјаер кој поради повреда ја заврши сезоната.

Симон Кјаер поради повреда на лигаментите ќе биде отсутен околу шест месеци, што значи дека тој ја заврши сезоната.

Кјаер беше херојот на европското првенство, тој заедно со лекарите му го спаси животот на фудбалерот на Интер, Кристијан Ериксен.

Токму поради тоа Интер денеска испрати посебна порака до Кјаер.

„Шампион не се препознава само по тоа како игра фудбал. Врати се наскоро Симон, те чекаме на Сан Сиро да ти го дадеме аплаузот кој го заслужи“, пишува Интер во пораката.

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе