Ерлинг Халанд игра импресивно за Манчестер Сити, иако очекувањата од него беа големи, тој ги надмина и тие, веќе постигна 19 голови иако одигра само 12 натпревари.
Норвежанецот во 2017 година беше во преговори со Јувентус, дури и беше на натпревар во Торино во тоа време.
А можел во Италија да пристигне и порано, Масимо Морати открива дека Интер имал шанса да го купи Халанд кога тој имал 13 години.
„Марко Бранка ќе ме натераше да го купам Халанд, 100 проценти. Тој ми рече: „Претседателе, ова е посебен фудбалер“, тој можеше да биде во Интер“, открива Морати.
Марко Бранка беше тогаш спортски директор на Интер. Морати не кажа зошто не го купиле.