Се зголемува интересот за македонскиот фудбалер

Интер ќе се бори со Милан за потписот на Елмас

Како се доближува сезоната до крајот, така се зголемуваат гласините кои го поврзуваат Елиф Елмас со трансфер, по Милан, сега има шпекулации дека и Интер е заинтересиран за македонскиот репрезентативец.

Новинарот Армандо Арениело тврди дека Интер се приклучува во трката по Елмас и ќе биде конкурент на Милан за неговиот потпис.

Елмас ја игра својата најдобра сезона откако е дојден во Наполи, а како негова предност сите ја истакнуваат можноста да игра на секоја позиција во средниот ред.

Интер би сакал да го има Елмас како алтернатива за Барела, Брозовиќ и Чалханоглу. Сепак Наполи нема лесно да се откаже од нашиот фудбалер. 

Обесштетувањето кое ќе го побараат Наполитанците ќе биде над 30 милиони евра, но сумата може да се намали со вклучување фудбалер кој би заминал во спротивен правец.

Јасно е дека интерес за Елмас има од повеќе страни, а Наполи е тој кој треба да одлучи дали ќе го продаде или ќе го задржи и за следната сезона.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе