Жозе Мурињо имаше уште едно топло добредојде од фановите на Интер кои го скандираа неговото име, но на теренот нероазурите немаа милост кон Рома.
Натпреварот беше изедначен во првиот половина час. Но работите се променија во 30. минута кога Думфрис погоди за водство на Интер од 1-0.
Потоа следуваше доминација на Интер која донесе и втор гол, во 40. минута Брозовиќ погоди за водство од 2-0.
Се беше јасно по седум минути игра во вториот дел кога Лаутаро Мартинез постигна гол за убедливи 3-0.
Во 85. минута Рома преку Мхитарјан успеа да постигне почесен гол и да ги постави конечните 3-1.
Со оваа победа Интер се врати на врвот на табелата во Серија А.
Милан утре има сериозно гостување кај Лацио во Рим.