Серија А

Интер до врв ја наполни мрежата на Болоња (ВИДЕО)

Интер ја победи Болоња со фантастични 6-1 и се качи на четвртото место на табелата во Серија А, гостите поведоа, но потоа шест пати ја вадеа топката од мрежата. 

Болоња со гол на Лукојанис во 22. минута поведе на гостувањето на Интер, во тој момент никој не можеше ниту да претпостави што ќе им се случи во продолжение.
 
Само четири минути подоцна Џеко даде гол за израмнување на 1-1, а во 36. минута Димарко погоди за пресврт и водство на Интер од 2-1.
 
На три минути до крајот на првиот дел, Лаутаро Мартинез даде гол за 3-1, со тој резултат се замина на одморот.
 
По три минути игра во вториот дел Димарко даде нов гол за водство на Интер од 4-1, а десет минути подоцна Чалханогли погоди за 5-1.
 
Конечните 6-1 ги постави Госенс на 15 минути до крајот.
 
Со оваа победа Интер се качи на четвртата позиција во Серија А, таму ќе остане по ова коло само доколку Јувентус не победи на гостувањето кај Верона. Меч кој се игра утре.
 
Денеска Фиорентина со 2-1 ја совлада Салернитана. Бонавентура и Јовиќ ги дадоа головите за виолетовите.
 
Торино со 2-0 ја победи Сампдорија, тоа беше нов пораз на Дејан Станковиќ.
 
Претходно Лече со 2-1 ја победи Аталанта, Сасуоло и Рома одиграа нерешено 1-1.

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе