СП 2022

Инфантино: Ова беше најдобрата групна фаза во историјата на Светските првенства

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино смета дека најдобрата групна фаза видена на Мундијалите била на ова Светско првенство во Катар. 

Инфантино го испофали Светското првенство во Катар.
 
„Ги гледав сите натпревари и многу јасно ќе кажам дека ова беше најдобрата групна фаза во историјата на Светските првенства. Што ветува дека и до крајот мечевите ќе бидат на тоа ниво“, вели Инфантино.
 
„Повеќе од два милиони луѓе циркулираат низ улиците во Доха. Сите заедно, ги поддржуваат нивните тимови... Фантастична атмосфера, прекрасни голови, неверијатни емоции и неколку изненадувања“.
 
Ваквите изјави на Инфантино се спротивни на мислењата на голем број фудбалски фанови. Атмосферата на стадионите во Катар е можеби најлошата во историјата на Светските првенства, со исклучок на неколку натпревари, стадионите беа полупразни, а организаторот прикажуваше бројките поголеми и од капацитетот.
 
Од навивачки аспект Катар е земја која е комплицирана за фановите, поради повеќето различни забрани кои ги имаат, скапите цени, недоволниот капаците за сместување кој беше надополнуван со импровизирани сместувалишта. А од она што го видовме на теренот во групната фаза, имаше различни натпревари, имаше возбудливи мечеви, но и голем процент на дуели со резултат од 0-0.

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе