СП 2022

Инфантино му се закани на Катар дека може да му го одземе Светското првенство

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино му се закани на Катар дека може да му ја одземе организацијата на Мундијалот доколку нема гаранции дека домаќинот ќе ги прифати сите навивачи, тука пред се се мисли на припадниците на ЛГБТ заедницата.

Светското првенство треба да се игра од 21 ноември до 18 декември. Поради парите ФИФА му ја даде организацијата на Катар, но домаќинот го следат многу скандали.

Најголем е тој за човековите права, имаше големи протести во дел од земјите откако излегоа податоци за повеќе од 6.000 смртни случаи кај работници кои ја правеа инфраструктурата за Светското првенство.

Хомосексуалноста во Катар е забранета со закон, па припадниците на ЛГБТ заедницата стравуваат за својата безбедност. Можат да завршат и повеќе години во затвор.

Неодамна се појави и информација дека во Катар сексуални односи смеат да имаат само брачни другари. За сите други следува затворска казна и до седум години.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино му се закани на Катар дека може да му ја одземе организацијата доколку не гарантира безбедност за сите гости. 

„Доколку Катар не понуди гостопримство за секој, без никакви предрасуди и селектирвност, нема да го организира Мундијалот. Светското првенство е настан кој ги собира сите луѓе и нема место за никаква дискриминација по никаква основа“, изјави Инфантино на економскиот форум кој се одржува во Доха.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе