За момент ги израдува

Илон Маск се пошегува со навивачите на Манчестер јунајтед, објави дека ќе го купи клубот

Илон Маск објави дека ќе го купи Манчестер јунајтед, а откако се возбудија навивачите на англискиот клуб, тој кажа дека само се шегувал. 

Утрово навивачите на Манчестер јунајтед се разбудија со веста дека Илон Маск го купува клубот. Тој го твитна тоа и предизвика лавина од реакции.
 
Маск се надоврза на друг твит и напиша: „Исто така, го купувам Манчестер јунајтед“. 
 
Но брзо потоа со уште два твита објасни дека само се шегувал.
 
„Не, ова беше само шега на твитер. Не купувам ниту еден спортски тим. Но ако би купил некој тим, тоа би бил Манчестер јунајтед. Тие беа мој омилен тим кога бев дете“, објасни Маск на социјалните мрежи.
 
Фановите на Манчестер јунајтед одамна сакаат промена на газдите, во минатото често имаше и протести против фамилијата Глејзер, а такви се најавуваат и сега по очајниот старт на сезоната.
 

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе