Аргентинците со многу емоции го доживеаја натпреварот

Идолот на Лео Меси заплака на клупата по погодокот на напаѓачот против Мексико (ВИДЕО)

Аргентинците со многу емоции го доживеаја синоќешниот натпревар против Мексико, така беше и на клупата, каде Пабло Аимар се расплака по голот на Лео Меси за 1-0.

„Гаучосите“ синоќа ризикуваа срамна елиминација, доколку загубеа од Мексико, мундијалот во Катар за нив ќе беше завршен.

Па не случјано, Аргентинците со многу емоции го доживеаја натпреварот, и им падна камен од срце кога Лео Меси прецизно биеше од врвот на шеснаесетникот во 64. минута и го скрши отпорот на противникот.

На клупата паднаа и солзи, Пабло Аимар почна да плаче по водството од 1-0. Лео Меси во неколку наврати има кажано дека некогашниот ас на Валенсија бил негов фудбалски идол, и играчот на кого се огледувал додека растел.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе